Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се осврна на вакцинацијата против ковид-19.
– Тие кои сакаа можеа да се вакцинираат. Јас не чувствувам дека ме загрозуваат тие кои не се вакцинираа. Јас се вакцинирав, но ние и натаму ќе се разболуваме. Што ќе правиме понатаму? Ќе ги прогонуваме луѓето бидејќи имаат кариес? Што сега, јас ќе ја исфрлам секретарката од работа бидејќи не се вакцинирала? Епа нема. 50 отсто од граѓаните не се вакцинираа. Од некоја причина не сакаат. Која е смислата на притисок кон народот. Тоа не е ниту политички паметно – изјавил Милановиќ.
Тој додал дека не е системот таков, туку дека луѓето се такви.
– Ваков паничен страв, кога се плашиш дека некој ќе се разболи, не велам дека намерите на властите на државите се диктаторски, но во еден момент мораш да кажеш „во ред, готово“. Како Британците – изјавил Милановиќ.
– Ако вакцината ве штити, тоа е тоа. Имам лоша вест, сите ќе умреме еден ден – вели претседателот.