Милатовиќ: Ќе се декларирам Црногорец, зборувам српски

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека на пописот на населението ќе се декларира како Црногорец кој зборува српски јазик и додаде дека тој и неговото семејство се изјасниле како такви во 2011 година.

„По националност сум Црногорец, а зборувам српски“, истакна Милатовиќ во синоќешната емисија на телевизијата Адриа.

Средбата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ со претставници на владејачкото мнозинство, опозицијата, советот на малцинствата, граѓанскиот сектор, Управата за статистика и министерствата за економија и човекови и малцински права, на која требаше да се разговара измените на Законот за попис и воспоставувањето софтверско решение за контрола на внесените податоци, помина во добар дух, но заврши без конкретен договор.

Демократската партија на социјалистите (ДПС) ќе го бојкотира пописот на населението на Црна Гора, иако ја „видоа подготвеноста“ на премиерот Милојко Спајиќ да ги исполни нивните услови за одржување на пописот, но за тоа нема доволно време до 30. ноември кога треба да започне пописот.

Потпретседателот на ДПС, Јевто Ераковиќ, во средата изјави за ТВЕ од Подгорица дека слушнале од Спајиќ дека пописот мора да започне на 30-ти ноември, но за тоа „силно се залага“ претседателот на парламентот Андрија Мандиќ, кој е еден од лидерите на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ од чија поддршка зависи опстанокот на Владата.

Поранешната владејачка партија ДПС, која управуваше со Црна Гора повеќе од три децении, бара пописот да се „контролира“, односно ДПС да има „паритетен број попишувачи“, „јасно да се следи внесот и обработката на податоците“ и да се „имплементира софтверско решение“ за граѓаните можат да го проверат внесувањето на податоците што ги дале.

Премиерот Спајиќ рече дека секое натамошно одложување на пописот може да предизвика нови трошоци, особено поради „фискалниот момент“ во кој се наоѓа Црна Гора.

„Во оваа смисла, сите треба да покажеме високо ниво на одговорност“, истакна Спајиќ по средбата со дел од опозицијата, некои министри и невладиниот сектор, пренесува Бета.

Владата на премиерот Милојко Спајиќ беше избрана минатата седмица со поддршка на 44 претставници, просрпската десница го поддржа парламентарното малцинството а Андрија Мандиќ беше избран за претседател на парламентот на Црна Гора. Првата одлука на новата црногорска влада беше одложување на пописот на населението за 30 дена, односно до 30-ти ноември.

Во Црна Гора пописот на населението стана политичко прашање, а во центарот на тоа е националното и верското изјаснување. Одложување на пописот побара процрногорската опозиција која тврди дека се случува „етнички инженеринг“ кој има за цел да ја „посрби“ Црна Гора.