Инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ ќе се одржи во Собранието на Црна Гора во Подгорица, а не во Цетиње, како што беше случајот со неговите претходници.
Својата одлука Милатовиќ денеска и ја соопшти на јавноста преку Твитер, по неколкунеделните шпекулации за местото на церемонијата и свечената инаугурација на претседателот на Црна Гора.
– Инаугурацијата е свечен чин на воведување во претседателската должност. Тоа треба да биде пример за највисоките демократски стандарди и токму затоа е предвидена во Собранието на Црна Гора, напиша Милатовиќ на Твитер.