Милчин: Владата не ги чепка криминалците зошто некои се нивни, а некои плаќаат рекет!

Режисерот Владимир Милчин ја критикува власта за укинатите дозволи за движење во полициски час за тие што викендов заминаа на вакцинација во Србија.

-Владата тренира строгост кај што не треба. Ај нека тренира малку строгост кај криминалците од сите бои! Нив не ги чепка зашто некои се нивни, некои зашто плаќаат рекет. Браќа по оружје. За да нема мрчење: Не сум пријавен за вакцинирање во Србија!, порача на Фејсбук поранешниот извршен директор на Фондацијата „Институт Отворено општество – Македонија“ и некогашен член на Централниот одбор на СДСМ.