Милчин: Испратена е дрска порака „Ми се може, бре! Носете се вие заедно со УНЕСКО!

УНЕСКО зборува – канта тропа. Наместо да се уриваат дивоградби, им се сечат црвени ленти. Дивоградбата на советникот од ДУИ во општина Охрид Нефи Усеини кај Чинарот од сношти е новоотворена пицерија „Луна“ со решение за уривање.

Поранешниот прв човек на фондацијата „Отворено општество“ Владимир Милчин смета дека со ова на граѓаните им е испратена дрска порака: „Ми се може, бре“.

„Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Наакана и дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот. Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум“, коментира Милчин.