![milcin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/milcin.jpg?resize=500%2C333&ssl=1)
Извршниот директор на Фондацијата Отворено Општество – Македонија (ФООМ) Владимир Милчин, на вчерашната надзорна расправа одговарајќи на прашањето од пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски тврдеше дека во Управниот одбор на Фондацијата нема и функионери и на СДСМ. Но, информациите кои може да се најдат на интернет страниците на ФООМ и на СДСМ говорат поинаку.
Николовски го праша Милчин „која е смислата во Вашите раководни органи да има функционери на СДСМ, актуелни и поранешни“, на што Милчин одговори:
„Не знам на кои функционери на СДСМ мисли во управниот одбор, ако може да прецизира немам ништо против да одговорам. Нема функцинери на СДСМ во управниот одбор на ФООМ“, рече Милчин на надзорната расправа.
На официјалната интернет страница на ФООМ во информациите за организацијата на Фондацијата може да се Маргарита Цаца Николовска е еден од членовите на актуелниот Управен одбор во исто време Цаца Николовска е и актуелен Претседател на Советот за политички систем во СДСМ.
Познато е и дека и самиот Милчен е поранешен висок функционер на СДСМ.
По одговорот на Милчен се поставува прашањето дали тој знае кои се членови на Управниот одбор на ФООМ во која тој е извршен директор, дали можеби забораввил дека токму тој во минатото беше член и функционер на СДСМ?