Миле Јанакиески e во самоизолација

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е во самоизолација, откако имал контакт со заболен од коронавирус. Ова на денешното рочиште за случајот „Топлик“ во кој тој е обвинет го кажа судечкиот судија Осман Шабани.

Адвокатот на Јанакиески на судијата му приложи документ издаден од Државниот санитарен и здравствен инспекторат според кој му се одредува самоизолација на Јанакиески во траење од 14 дена.

Следното рочиште за „Топлик“ е закажано за 18 ноември.