Огромна чест и гордост е да го прифатам овој пат исполнет со еден голем предизвик. А за кого го прифаќам овој предизвик, ако не за нашиот Пробиштип!
И навистина, не ми е ниту најмалку желба утре да бидам градоначалник по шаблон (уште еден во низата „костуми„), туку важно ми е каде ќе оди овој град!
Тоа ми е најважно.
Зборував, зборувам и ќе продолжам да го зборувам тоа. Мора да го вратиме градот на тие што им припаѓа, да го вратиме на граѓаните.
Да ги слушнеме и да пробаме да ги решиме проблемите на секој еден поединец!
Луѓето кои со својата скромност и разочарување кое го носат во себе нема да дозволат повторно да бидат излажани од човекот кој на сите анализи и анкети, ама буквално на сите, има најголем негативен рејтинг за неговата работа и остварувања во последните 4 години.
И само така и единствено со падот на хибридниот режим, кој во Пробиштип има име и презиме, само на тој начин Пробиштип може да блесне со неговиот скромен сјај.
Друг момент за кој сакам сите заеднички да се заложиме е Пробиштип да биде град во кој младите луѓе ќе ја гледаат својата иднина, а не само како попатна станица за почетен развој.
Дојде времето за финалната битка на нашата генерација, битка по која што Пробиштип, но и Македонија ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат, патот на успехот.
Благодарност на сите за досегашната поддршка, на сите поддржувачи кои од првиот ден застанаа зад мене, на сите они кои изминатите години гласаа за нас како политичка опција, но најмногу од се БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ПРОБИШТИПЈАНИ кои несебично ја дадоа поддршката за мене во сите истражувања и анкети.
За крај благодарност на довербата и укажаната можност на извршниот комитет и претседателот Христијан Мицкоски!
Одиме уште посилно до конечен пад на хибридниот режим!!!
Обединети за промени, затоа што Пробиштип има сила, Пробиштип може и Пробиштип сака што поскоро оваа власт да замине во историјата.
Пробиштип ќе биде град на сите луѓе!!!
Фејсбук статус на Маријан Миленковски