Милевски: Целта е прво место во групата

Првите импресии на селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски се позитивни. Смета дека овојпат жрепката била била наклонета, по претходните исклучително тешките жрепки во баражот за Светското првенство во Катар и квалификациите за Европското првенство во Германија.

„Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овојпат тоа не е случај. Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави.

Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани. Да имаме прав пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 0:5, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0. Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања”, рече Милевски.

Селекторот посочи дека секој противник бара различен пристап, но истакна дека целата репрезентација не бега од одговорноста и дека целта е првото место во групата.

Воведното коло ќе се игра на почетокот на септември, а завршното во ноември. Четвртфиналните дуели се на програмата од 20 до 25 март, а завршниот турнир од 4 до 8 јуни 2025 година.