
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21. година Благоја Милевски го објави списокот на играчи за пријателскиот меч против Романија кој ќе се одигра на 13. октомври 2014-та година на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
На списокот на селекторот Благоја Милевски се најде фудбалерот на Барселона Б, Давид Бабунски, иако тој пред неколку месеци изјави дека го интересира само повикот од сениорската репрезентација на Македонија, а не од младата.
Останува да се види како Бабунски ќе одговори на повикот на селекторот и дали ќе го облече дресот на младата репрезентација.
За пријателскиот меч против Романија повикани се следните фудбалери:
Голмани: Дамјан Шишковски (Работнички), Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.)
Одбрана: Филип Ристевски (Металург), Ѓоко Зајков(Рен, Франција), Јасир Асани (Вардар),Виктор Талевски (Брегалница Ш.), Висар Муслиу (Сент Гален, Швајцарија), Ангелче Тимовски (Силекс), Леон Најдовски (Македонија ЃП)
Среден ред: Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Бесир Демири (Шкупи), Бурхан Мустафов (Палистер), Ѓорги Стоилов (Хоризонт Турново), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Бобан Николов (Виторул Констанца, Романија)
Напад: Валмир Нафиу (Хамбургер, Германија),Димитар Иванов (Вардар), Филип Пивковски (Новара, Италија), Демир Имери (Шкендија), Кристијан Костовски (Силекс), Виктор Ангелов (Металург)
Репрезентацијата на Македонија ги започнува подготовките за натпреварот со Романија на 7. октомври, до 12. октомври тренинзите ќе се одработуваат во Дојран, селекцијата на ден пред натпреварот се враќа во Скопје. Контролниот натпревар Македонија – Романија се игра од 19.00 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.