Милевски нов селектор на фудбалерите до 21

Фудбалската федерација на Македонија официјално го назначи Благоја Милевски за нов селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Поранешниот тренер на Вардар денеска беше промовиран за нов предводник на младата репрезентација.

-На најпрофесионален начин ќе ја извршувам функцијата и се надевам дека заеднички ќе се трудиме да имаме успех во квалификациите. Оваа репрезентација има потенцијал и квалитет, имаме доволно време до следниот квалификациски циклус да го формираме костурот на селекцијата од која сите ние ќе бараме подобри резултати. Нашата основна задача ќе биде да направиме добра атмосфера, да сфатиме дека репрезентацијата треба да биде главната цел на сите. Очекувањата на федерацијата и на јавноста секогаш се исти, сега сме во процес на создавање нов тим, но се надевам дека ќе бидеме многу поуспешни во следните квалификации, изјави Милевски.

Првиот натпревар на клупата на македонската репрезентација до 21. Година, Благоја Милевски ќе го има на 13. октомври кога на Националната арена „Филип Втори“ во пријателски натпревар гостува Роамнија.