Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во саботата претпладнето за ТВ21 потврди дека идната седмица се повлекува од функцијата министер за локална самоуправа.
Веќе извесно време во политичките кулоари се шпекулира дека Милевски размислува за целосно повлекување од политиката, велат извори на НетПрес кои се повикуваат на разговори со сѐ уште актуелниот претседател на Либерално-деморкатскта партија. Во меѓувреме во ЛДП со месеци наназад се водат разговори за негов наследник на челната позиција, додаваат.
Во петокот порталот Фокус објави дека Милевски прво ќе се повлече од министерската функција, додека партиската функција ќе ја извршува до следниот редовен конгрес, што треба да се одржи до крајот на годинава.
Неофицијално, најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е потпретседателката Моника Зајкова, која е еден од двајцата пратеници, заедно со Боби Мојсоски.