Милевски: Претседателот на синдикатот на РЕК Битола преку тендери зел милион евра

Веднаш по преземањето на власта, режимот удри по синдикалната организација во енергетскиот сектор. Во 2017 година, со упад во синдикалното организирање, режимот формира нов синдикатот во ЕЛЕМ, а за претседател беше назначен Менде Фидановски, вработен во РЕК Битола, рече Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска обвини дека РЕК Битола тоне во хаварии и скандали.

„Освен во РЕК Битола, Менде Фидановски има и приватна семејна компанија, КОМПАКТ МСФ од Битола.

Семејната компанија на Менде само оваа 2021 година има земено 9 тендери на РЕК Битола, каде што Менде работи, со над 378 илјади евра или над 23 милиони денари.

Лани, 2020 година, неговата семејна фирма има добиено 11 тендери, со над 616 илјади евра, или над 38 милиони денари.

Значи, само лани и оваа пола година, Менде од РЕК Битола во својата компанија инкасирал без малку милион евра.

Или можеме да броиме во годините откако стана прв синдикалец, Менде, му процветува приватниот бизнис, а фирмата е редовен добитник на тендерите на РЕК Битола.

И тука доаѓаме до главниот проблем, дали нема судир на интереси?

За што Менде Фидановски е заинтересиран повеќе за тендерите или за синдикалното организирање во ЕЛЕМ вклучително и во РЕК Битола кое што тоне во долгови?

Дали Фидановски е продолжена рака на режимот во РЕК Битола, златната кокошка за членовите на режимот, дали затоа Менде Фидановски молчи по скандалот за 250.000 евра рекет поврзан со работата и раководењето во загубарот РЕК Битола?

Дали заради тендерите од еден милион евра за неполни две години Фидановски не реагира за уништувањето на РЕК Битола и најавите на нејзино затворање?

Почитувани, ова е уште еден од скандалите поврзани со урнисувањето на електроеергетскиот систем, ова е уште еден скандал со насилното режимско владеење, ова е уште еден скандал за злоупотребите на моќта. Синдикален лидер наплатил за една ипол година еден милион евра од загубарот РЕК Битола! Ова е незамисливо и затоа Македонија ќе продолжи да тоне на негативните светски листи“, посочи Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ.