Милијарда евра црковен данок во Италија

Верниците во Италија минатата година на име на црквен данок уплатиле милијарди евра, соопшти Католичката црква.

Вработените треба да уплатат 0,8 отсто од износот од заработката, а со тоа треба да одлучат дали парите ќе отидат во некоја од црквите, социјална установа или за хуманитарни цели, јавува ВИА.

За некоја црква или организација да има право да го прими овој вид на помош, потребно е да има првенствено договор со државата.

Доколку даночните обврзници не определиле на кого сакаат да му помогнат, како што е и најчест случај, даночните органи пропорционално ќе им ги поделат парите на оние кои имаат право на тоа.

Италија нема воведено класичен „црковен данок“, како што има во Германија и Австрија. Италијанскиот модел е привлечен и за некои земји од источна Европа.