Милинковиќ-Савиќ го постигна 50. гол во Серија А, Лацио моќен на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Екипата на Лацио оствари убедлив триумф над Специја од 4-0 во премиерниот меч од денешната програма во Серија А.

Домашниот состав влезе како фаворит на овој меч, статус кој го потврди на теренот со четири „парчиња“ во мрежата на Драговски, плус треба да се каже дека пенал промаши и најдобриот голгетер на Лацио, Чиро Имобиле.

Имобиле не ја искористи најстрогата казна во 3 минута, ама тоа не ги поремети плановите на избраниците на Сари кои преку Закањи и Ромањоли дојдоа до позитива од 2-0 до 24 минута.

Во вториот дел пак се случија преостанатите најважни моменти на „Олимпико“ и за нив заслужен беше Милинковиќ-Савиќ кој дојде до 50 и 51 гол во најсилната италијанска конкуренција.

Лацијалите со 17 бода се при врвот заедно со Аталанта и Милан, подобар од нив е само Наполи со 20 поени.