Mилион домаќинства во западна Франција без струја поради високите температури

Околу еден милион домаќинства во западна Франција останаа денеска без струја поради високите температури, јави ТАСС.

Горештините предизвикаа оштетување на системот за снабдување со електрична енергија, специјално во областа Бретања.

Високите температури доведоа и до нарушување на возниот ред на супербрзите возови, кои се принудени да се движат со помала брзина.