Кинеската провинција Жеџијанг, во близина на мегалополисот Шангај, се соочува со приближно милион нови случаи на Covid-19 секој ден и тој број се очекува да се удвои во наредните денови, соопшти во неделата провинциската влада.
Кина внема регистрирано смртни случаи од инфекција со коронавирусот веќе пет последователни дена и покрај рекордниот пораст на случаи низ целата земја, соопшти во неделата кинескиот Центар за контрола и превенција на болести.
Граѓаните и експертите бараа поверодостојни податоци во услови на остро зголемување на инфекциите откако Пекинг во голема мера ја промени својата политика на нулта толеранција за коронавирусот, којашто целосно затвори милиони граѓани и ја ослабе втората според обемот економија во светот.
Националната здравствена комисија престана да евидентира случаи на инфекција без симптоми, што го отежнува нивното следење, а официјалните податоци од земјата станаа нецелосни. Во неделата, комисијата престана да ги објавува дневните податоци, кои Центар за контрола и превенција на болести потоа ги објави.
Жеџијанг е една од ретките области што објави процена за неодамнешното зголемување на случаите на инфекција во покраината, што вклучува асимптоматски случаи.
„Се проценува дека Жеџијанг врвот на заразените ќе го достигне порано и ќе влезе во период на високо ниво (инфекција) околу Нова година, во што бројот на дневни случаи ќе достигне до два милиона“, соопшти владата во Жеџијанг во псимена изјава.
Провинцијата Жеџијанг, во која живеат над 65,4 милиони луѓе, објави дека од 13.583 заразени лица кои се лекуваат во провинциските болници, еден пациент имал сериозни симптоми предизвикани од Covid-19, додека 242 други заразени лица се во критична состојба предизвикани од други болести.