Вкупниот број на милионери во светот изнесува 15 милиони лица. Visual Capitalist ги издвои првите десет земји со најголема популација милионери и секоја беше споредена со земја со слично вкупно население. Според магазинот, милионер е поединец со инвестициско ликвидно богатство од повеќе од милион американски долари.
На врвот на листата се Соединетите Американски Држави (САД) кои имаат најмногу милионери во светот, речиси 5,5 милиони од вкупниот број жители. За споредба, ова е повеќе од целото население во Ирска.
За само десет години бројот на американските милионери скокнал за 62 отсто, а оваа година тие сочинуваат повеќе од една третина од сите милионери ширум светот.
Како најголема светска економија, САД привлекува милионери од други земји, кои бараат можности за дополнително зголемување на своето богатство.
Кина има 860.000 милионери, а Германија има нешто повеќе од 800.000 милионери.
Швајцарија е со 428.000 милионери. Само населението на Швајцарија е околу осум милиони луѓе, што значи дека секој 20 жител во Швајцарија има повеќе од милион американски долари лично богатство.