Судот во Лос Анџелес во четвртокот го осуди магнатот за недвижности Роберт Алан Дарст на доживотна затворска казна без моќност за помилување за убиството на неговата блиска познаничка Сјузан Берман во 2000 година, објави дневниот весник The Los Angeles Times.
Убиството беше мистерија што ги прогонуваше семејството и пријателите 15 години пред да биде уапсен Дарст во 2015 година по неговата непромислена одлука да учествува во документарен филм кој откри нови докази и го фати во вџашувачко признание.
Во септември поротата по тридневно советување го прогласи Дарст за виновен за убиство од прв степен, бидејќи во декември 2000 година пукал во главата на Сјузан Берман во нејзиниот дом.
Дарст ја замолкнал Берман за да ја спречи да го инкриминира во повторната истрага за исчезнувањето на неговата сопруга во Њујорк во 1982 година, рекоа обвинителите. Таа, имено му обезбедила лажно алиби кога исчезнала жената.
Според весникот, во текот на изрекувањето на пресудата во четвртокот, 78-годишниот магнат, кој поседува бројни деловни згради во њујоршки Менхетен кои се проценуваат на повеќе од 100 милиони долари, не изустил ниту збор, а неговата одбрана не се обидела да поднесе приговори за ублажување на казната во текот на изрекувањето на пресудата.
Адвокатот на Дарст кој има низа тешки медицински проблеми и во судот бил донесен со инвалидска количка, Дик ДеГуерин, рече дека планираат да поднесат жалба.
Во текот на судскиот процес, кој треаше околу 14 месеци поради пандемијата, Дарст даваше контроверзни изјави во своите сведочења и на крајот самиот призна дека е „многу тешко да се поверува и прифати“ дека тој дал блешка којашто ја покажува локацијата на кое се наоѓало телото на Бермани и притоа дека не ја убил својата блиска познајничка.
Во 2015 година, во текот на снимањето на документарниот серијал со наслов „Проклетство: Животот и смртта на Ронерт Дарст“(The Jinx: The Life and Deaths of Robert Durst), тој несакајќи призна неколку убиства. „Па тоа е сѐ. Те фатија. Што направив? Ги убив сите“, рекол милионерот влегувајќи во тоалетот заборавајќи го на себе микрофонот.
Во март истата година Дарст беше уапсен во Њу Ореланс, во сојузната држава Луизијана. Бизнисменот, исто така, е осомничен за вмешаност во мистериозното исчезнување на неговата прва сопруга Кетлин Дарст во 1982 година. Долги годни тој изјавуваше дека „нема ни најмалку претстава“ за тоа кој ја убил Берман и оти не знае што се случило со неговата прва сопруга.
Обвинителите, исто така, презентираа докази дека тој намерно убил сосед во Галвестон, во Тексас, во 2001 година, иако бил ослободен од обвинението за убиство во тој случај, откако сведочел дека го застрелал човекот во самоодбрана.