На социјалните мрежи кружи видео од Бразил, покажувајќи како на вредните мравки ништо не може да им застане на патот кон постигнување на целта.
Attack of legionary ants (also known as army ants or marabunta) to a wasp honeycomb. Impressive the level of swarm intelligence and collective computation to form that bridge. pic.twitter.com/StvDkmv8x8
— Francisco Boni (@boni_bo) August 5, 2018
Како што се гледа на сликата, безброј мравки прават жив мост преку кој влегуваат во огромно гнездо на оси прикачено на ѕидот на некој објект.
Напад на мравки-легионери врз осите. Импресивно ниво на интелигенција на мравките кои пресметале како да го формираат овој мост. Кога се случува овој тип на напад оскте обично бегаат, а мравките не го напуштаат нивниот дом додека „целосно не го ограбат“. Тие можат да изградат таков мост дури и на вода- напишал Франсиско Бони на Твитер, а кој го снимил овој необичен момент.