
Милиони жители на американската сојузна држава Тексас трет ден се без греење, како последица од големата зимска бура која усмрти досега најмалку 21 лица.
Околу четвртина од потрошувачите на електрична енергија во Тексас останале без снабдување со струја поради снежното невреме кое започна во понеделникот, објави порталот poweroutage.us, кој ги сумира податоците за состојбата на електричните мрежи во САД.
Од околу 12,5 милиони приклучени корисници на електричната мрежа во Тескас, повеќе од 3,2 милиони останале без снабдување со струја, во услови кога минусните температураи преовладуваат во поголемиот дел од државата. Иако во најголемиот тексашки град Далас дневната температура се искачила во средата до нулата, во главниот град на државата Остин паднала на 5 степени, а во Далас до 8 Целзиусови степени, додека во другите градови во внатрешниста температурите се уште пониски.
Според локалните телевизиски канали, тексашаните кои останале без струја се обидуваат да се загреат во своите возила. Најмалку во еден случај тоа довело до труење со јаглерод моноксид. Обидите на населението да се загрее со камини, шпорети или генератори за струја на гас, биле причина за повеќе пожари. Медиумите известуваат, и дека покрај струја, домаќинствата остануваат и без вода, поради замрзнувањето на цевките. Во некои области поради прекинот на струјата, затворени се продавници, а долги редици се создаваат пред оние кои сѐ уште работат,
Метеоролозите прогнозираат дека во северните делови на Тексас снегот ќе престане да врне до средината на денот по локално време, но дека изразено ниските тепмператури ќе се задржат и следните денови.
Снежната бура и смрзнатиот дожд се преместуваат кон истокот на САД и до средата навечер по локално време се очекува дека ќе ги зафатата сојузните држави Мисисипи, Вирџинија и Северна Каролина.
Во средата во САД, според порталот flightaware.com, откажани се околу 2.300 домашни и меѓународни летови. Ситуацијата е особено тешка на аеродромите во Тексас, Мисиспи и Кентаки, но има предупредувања дека се можни отјажувања и на летовите кон северозападните држави Пенсилванија, Њујорк и Мејн.
Големите прекини во снабдувањето во електричната енергија во Тексас предизвикаа барање за одговорност. Гувернерот Грег Абот изјави дека е покрената острага за групацијата енергетски компании ERCOT (Electric Reliability Council of Texas), кои не го осигурале снадувањето со струја за нивните корисници. Претставниците на ERCOT изјавија дека биле принудени да го намалат оптоварувањето на мрежите и да ги исклучат намерно, за да спречат опасни испади во време на снежната бура.
Кризата со невремето во Тескас, исто така, предизвика дискусии за тоа колку се ефикасни ткн зелени технологии во ваквите ситуации. Републиканскиот гувернер Абот изјави дека поради ниските температури и снежните буру, генератори на ветер и сончева енергија се надвор од функција. Неговите демократски опоненти, пак, обвинуваат дека за прекинот во снабдувањето со струја виновни се термоцентралите, кои го намалиле производството, откако поради замрзнатите патишта било прекинато нивното снадување со енергенси.