Најмалку 85 луѓе се убиени од екстремистите во текот на различни предизборни настани и на денот на одржувањето на претседателските избори во Авганистан кон крајот на септември, објави во вторникот телевизијата TOLOnews повикувајќи се на податоците кои ги претставила Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан (UNAMA).
Според податоците на Мисијата, „како резултат на терористичкиет нападо во текот на предизборните кампања и разните предизборни собири, како и на самиот ден на гласањето убиени се 85 Авганистанци“. Во терористичките напади кои ги изведоа радикалите во главниот град Кабул и другите покраини, во истиот период биле ранети 373 лица.
Од (UNAMA истакнуваат дека „на денот на изборите за авганистански претседател 28 луѓе биле жртви на екстремистичките напад, а 249 биле ранети“.
Во авганистан на 28-ми септември се одржаат претседателските избори, кои беа четвртото гласање во земјата откако во инвазијата предводена од САД во 2001 година беше соборен талибанскиот режим. Изборниот процес се одвиваше со постојаните закани за сигурноста на Авганистанците од страна на талибаните кои не го признаваат легимитетот на сегашната влада.
Заплашувањата од талибаните резултираше со многу мала излезност на избирачите, од околу 20 отсто од околи 9,7 милиони гласачи, што претставува голем пад во споредба со околу 7 милиони гласачи кои гласаа на претходните претседателски избори во 2014 година.
Прелиминарните резултати не се очекуваат пред 19-ти октомври, а конечните ќе бидат познати дури во првата седмица од ноември. Доколку ниеден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, ќе се одржи втор круг во кој ќе одат двата водечки кандидата.