![dodik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/06bec029cc71163ba9d214a5e209d707.jpg?resize=696%2C475&ssl=1)
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е успешно опериран во специјализирана клиника во Белград и моментално се наоѓа на одделението за интензивна нега. Операцијата, која траеше неколку часа, започна утринава во 08:00 часот и беше извршена поради акутни здравствени проблеми поврзани со хранопроводникот и стомакот.
Според информации од кабинетот на претседателот, за време на интервенцијата биле ангажирани врвни специјалисти, а дополнителни консултации биле направени со лекар од Република Српска.
„Благодарен сум на сите странски државници и жители на Република Српска кои ми испратија пораки за поддршка и добри желби за брзо закрепнување. Тоа ми дава дополнителна сила“, се вели во изјавата на Додик упатена преку неговиот кабинет.
Медицинскиот тим информира дека состојбата на претседателот е стабилна, но тој останува под строг надзор во следните денови. Од кабинетот истакнаа дека јавноста ќе биде редовно информирана за неговото здравје.