Милосавлевиќ: Нашиот јазик, идентитетот и историјата ќе ги браниме, нема да дозволиме да се изживуваат со нас

На денешниот протест против прифаќање на францускиот предлог под мотото „Ултиматум-Не благодарам“ пред Владата на Република Македонија се обрати новинарот Драган Милосављевиќ.

Тој пред присутните рече дека Бугарите со Македонците се изживуваат само затоа што за сите векови Македонците не им направиле ништо и биле фер соседи, а сега се во име на европските вредности сакаат да не направат да прифатиме нешто што не сме.

„Го слушнав претседателот Пендаровски пред два три часа и прв пат отворено рече дека Бугарија две години се изживува со нас. Од целото говорење негово само тоа беше точно. Бугарија се изживува со нас. Зашто се изживува? Затоа што сме соседи, затоа што сме добри и мирни, затоа што сме фер, затоа што за сите овие векови додека живееме заедно не сме им направиле ништо лошо, ништо погрешно, а се изживуваат со нас, не малтретираат, не тероризираат. Зашто? Затоа што не прифаќаме да бидеме нешто што тие сакаат да бидеме. Тоа Чешка не и го прави на Словачка. Тоа Германија не им го прави на Франција, Холандија и на Белгија, тоа нас ни го прават во име на европските вредности. Кој европски вредности? Не може човек ништо да чувствува освен гнев, лутина и бес кога се обидуваат да направат од нас Бугари на сила и да бидеме нивна колонија“, рече Милосављевиќ.

Тој исто така рече дека пред да се потпише штетниот договор за добрососедство, со ваквите прашања се расправаа небитни ликови на Бугарската политичка сцена, а после потпишувањето десеткратно се зголемија изживувањата врз Македонија и тоа го прават бугарскиот претседател и премиер.

Вели Стево Пендаровски тоа немало врска со договорот за добрососедство и пријателство. Па ако нема врска зошто тогаш во овие последни години откако беше потпишан тој договор за добрососедство десеткратно се зголемија нивните изживувања и малтретирања? Порано тоа го правеа некои небитни ликови на нивната политичка сцена, некои маргиналци, а сега тоа го прави нивниот претседател, нивниот премиер, нивните пратеници и нивните амбасадори, нивната академија на науки и уметности“, истакна Милосављевиќ.

„И сега ве молам од овде. Ве молам, ве убедувам да не попуштаме и да го браниме тоа што е наше, нашиот јазик, нашиот идентитет и нашата историја. Наши се тоа е, ќе ги браниме. Но, да ви го кажам ова. Јас можам да ве молам, но има некој што не моли има некој што не убедува, тоа е татковината, а таа наредува“, рече Милосављевиќ.

Тој порача дека граѓаните ќе останат посветени во одбраната на националните и државните интереси.