Милош Биковиќ на прошетка со синот на море

Сопругата на актерот Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, на почетокот на годината роди син на кого му дадоа име Василије.

Ивана сега на својот Инстаграм профил објави фотографија на која го гледаме актерот како се шета со наследникот.

Биковиќ беше облечен во панталони и маица, а на себе носеше капа и очила за сонце.

Ивана го сними моментот на прошетка покрај морето и го објави на својот профил.