Еден од најпопуларните српски актери, Милош Биковиќ, на премиерата на филмот „Јужен ветер 2 – забрзување“ пред јавноста ја претстави својата нова девојка Ивана Малиќ од Бар.
Поради деловни обврски, актерот веќе подолго време живее на две адреси, во Белград и Москва, а сега и својата избраничка Ивана ја однел во главниот град на Русија.
Таа неодамна го потврди на својот Инстаграм профил, каде објави фотографија од Москва.
Ивана сега ја сподели нивната прва заедничка фотографија на својот Инстаграм профил.
Заљубениот пар заедно позирал во автомобилот, а коментарите биле полни со комплименти за нивниот изглед.