Милош Теодосиќ нема да биде во составот на Србија за претстојното Европско првенство во кошарка, соопштуваат тамошните медиуми. Во изминативе години Теодосиќ беше капитен на Србија, тој се појави и на последните подготовки, но најавите се дека селекторот Светислав Пешиќ ќе го „прецрта“ искусниот плејмејкер.
Теодосиќ во дресот на српската репрезентација дебитираше во 2007 година, а има три сребрени медали од големи натпреварувања. На ЕП во Полска Србија заврши на второто место, а Теодосиќ беше капитен на Светското првенство во Шпанија во 2014 година, каде што Србија го освои среброто, како и на Олимпискити игри во Рио де Жанеиро каде повторно стигнаа до второто место на ова големо натпреварување.
Кошаркарот кој го носи дресот на Виртус Болоња, има 35 години и најверојатно тука ќе заврши репрезентативната кариера на еден од најдобрите бекови во изминативе 20 години во Европа.