![Антонио Милошоски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/antonio-milososki-1-960x540-1.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Протоколот кој се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија, кој е изработен и усогласен со учество на владини претставници на Mакедонија и на Бугарија и Преговарачката рамка, која е доставено од француското ЕУ-претседателство и во која билатералните спорови се утврдени како дел од условите за добивање на датумот за преговори веднаш да им бидат доставени на пратениците во Комисијата за надворешна политика на Собранието, побара нејзиниот претседател Антонио Милошоски.
Тој упати допис до премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за надворешни работи Бујар Османи, со цел уште во текот на утрешниот ден да се одржи седница на Комисијата за надворешна политика, бидејќи задутре, кога се одржува седницата на Советот на ЕУ, може да биде и предоцна.
„Седницата на Комисијата, заради големиот интерес, предлагам да биде отворена за јавноста, но согласно Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, Вие имате право да побарате истата да има и затворен карактер. Право е на Бугарија да си одлучи да дискутира за темата Македонија во нивното Собрание, но за Владата и за Собранието во Македонија ваквата расправа во претставничкиот дом на граѓаните е уставна и морална обврска, бидејќи се работи за нашата држава“, се вели во дописот од Милошоски.