Милошоски: Дезинформациите за наводниот случај во Германија е обид за замајување на јавноста од хибридниот режим

 Дезинформациите за мојот наводен случај во Германија е само уште една дезинформација на СДСМ за да ја замајува јавноста од хибридниот режим, рече меѓу другото во средата на прес-конференција Антонијо Милошоски, член на Извшрниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ,

На прашањето поставено до него за неговиот наводен случај во Германија тој одговори

„Би сакал уште еднаш да го повторам она што го кажав денес значи СДСМ е партија која што во својата основна дејност изминативе седум години прави афери преку фалсификувања. Фалсификувања пасоши фалсификување на вистината за Смилковско езеро фалсификување за смртта на Никола Младенов на малата Тамара, фалсификување на датумот за ЕУ и на таков начин се обидува да се спаси себеси или деградира опозициони критичари. Во тој контекст само ќе напоменам уште еднаш дека ваквите спинови ваквото дефокусирање и ваквите дезинформации само докажуваат дека СДСМ останува на својата основна дејност преку фалсификувани дезинформации да ја замајува јавноста за да избегне од реалните теми дискусија за хибриден режим корупција и голема невработеност. Во тој контекст сметам дека се навистина големи мајстори, но, за жал, цената граѓаните преку силната економска криза“, рече Милошоски.

Портпаролката на владејачката СДСМ, Богданка Кузеска, во вторникот без никакви докази и неосновано без конретно појаснување наведе на прес-конференција дека проитив Милошоски наводно во 2004 и 2005 година во Германија имало судски постапки.