Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук ги коментира реакциите на Заев за поднесените амандмани за онлајн Собрание.
„СДСМ 2008 година поднесе 2.300 амандмани на Деловникот и рече „ако сакате ефикасен парламент треба 1. да ја почитувате демократијата, 2. да ја почитувате опозицијата и 3. сами да си обезбедите кворум”. На тие амандмани потпишани беа тогашните пратеници Р.Шеќеринска, О.Спасовски, В.Бучковски и други славни демократски другари на аболицираниот Заев. Денес Заев пред да критикува зошто опозицијата поднела амандмани на Деловникот во Собранието треба, прво да си поразговара со Шеќеринска, Оливер и Бучковски за да му објаснат што е ефикасно Собрание и опозиција; и второ, да го потсетат на на народната поговорка „што си дробел, тоа ќе сркаш”!“, вели Милошоски.