![EmnWw34XcAAGVt0-680x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/EmnWw34XcAAGVt0-680x430.jpg?resize=680%2C430&ssl=1)
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на социјалните мрежи сподели фотографија на која се гледа како седи до макета со ликот на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
„Собранието, во членките на ЕУ, но за жал не и во Македонија, секогаш било место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните национални прашања“, напиша Милошоски.
Тој истакна дека заклучоците од денешната седница на Комисија за надворешна политика се предложени на дневниот ред на денешната седница на Собранието.
Милошоски се надева дека нивното барање ќе биде прифатено.
„Дијалогот меѓу власта и опозицијата треба да се случува во Собранието. Нам не ни треба дијалог на тефериџ. Но, ако инситираат подготвени сме тоа да биде зад затворени врати“, пишува Милошоски.