![Antonijo-Miloshoski-960x540](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Antonijo-Miloshoski-960x540.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Денес сме во посета на општина Василево и би сакал оттука да упатам една порака до власта т.н. европски фронт тоа што го направи европски во државата е што многу млади луѓе заради ова бесперспективност ја напуштаа државата и заминуваат во земјите членки на Европскаа унија, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при посета на населени места од теренската активност на опозициската партија насловена „Ова е Македонија за сите“.
Милошоски додаде дека граѓаните од населените места порачуваат дека е време за избори и смена на власта, време е да се подобри животот во Македонија.
„Првпат имаме влада којашто висока корупција како што е договорот со „Бехтел“ го покрива со европско знаменце. Граѓаните тоа го гледаат особено југоисточниот дел на државата каде што се гледа дека е запоставен и нема никакви поголеми инфраструктурни проекти. И затоа луѓето порачуваат дека време е за да имаме сериозни европски избори, европски стандарди, смена на оваа власт и подобрување на начинот на работење на државата. Да се врати довербата во институциите“, порача Милошоски.