Милошоски: Филипче лажеше за имунизација во континуитет

Венко Филипче манипулираше дека еднаш кога вакцинацијата ќе започне нема да има прекин, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, откако вчера од МЗ соопштија дека имунизацијата на стоматолозите, гинеколозите и многу други медицински лица и лекари ќе биде прекината поради немање на вакцини.

-На 26.февруари министерот за здравство и провизии манипулираше дека еднаш кога вакцинацијата ќе започне нема да има прекин.

-Вчера истото министерството за здравство ги извести стоматолозите, гинеколозите и многу други медицински лица и лекари, дека имунизацијата прекинува заради немање вакцини.

-Во меѓувреме бројките на заразени и починати се во голем пораст, здравствените работници се преморени, а менаџирањето на кризата од страна на Венко Филипче е многу лошо. Штетните последици ги плаќаат пациентите и економијата, пишува во својата објава Милошоски.