![Goce delcev slika grob](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/Goce-delcev-slika-grob.jpg?resize=696%2C419&ssl=1)
Пратеникот Антонио Милошоски повикувајќи се на дипломатски извори во МНР открива кој е предлогот на Бугарија за Гоце Делчев. Дефиницијата е „Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”.
Според Милошоски, ова е една од причините зошто Заев бега од лидерска средба за позициите на Македонија во врска со односите со Бугарија.