Милошоски: Граѓаните се незадоволни, сите бараат промена на власта за да може Македонија да се движи во правилна насока

Тим предводен пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во рамки на кампањата „Македонија за сите луѓе” беше во посета на повеќе населени места во општина Конче каде се разговараше за проблемите и потребите со кои се соочуваат жителите на оваа општина.

Заедно со пратениците, градоначалникот, советниците разговараме за проблемите и потребите со кои се соочуваат жителите на оваа општина, рече Милошоски.

Додаде дека граѓаните се незадоволни од нискиот приоритет кој владата го дава во земјоделието.

„Ова е земјоделски крај но земјоделците тука се соочуваат со многу трошоци, а само мало внимание од владата и мал приход заради хаосот кој владее. Разговаравме и за слабите приоритети кои владата ги дава за малите општини кои за жал имаат опструкции од владините органи. Жителите на Конче се согласни дека најдобро е да има смена на извршната власт за да може да има поголем, ред, грижа, да се намали корупцијата и Македонија да почне да се движи во правилна насока“, изјави Милошоски.