Милошоски ја напушти Германија за да ги брани интересите на Македонија

Носителот на листа, Антонио Милошоски, ја напушти Германија и докторските студии, за да дојде овде да ги брани македонските интереси, посочи Никола Груевски на митингот во Охрид.

„Пред да дојдеме на власт, во 2006 година, го побарав Антонио Милошоски по телефон од Германија. Побарав од него, ако може, да ги стави во мирувања докторските студии и да дојде да ми помогне мене, на партијата и на државата.  Мене како кандидат за премиер, на партијата како партија во доаѓање на власт и откако ќе ја освоиме власта да помогне на Република Македонија, на македонските граѓани за просперитет, за подобра иднина, за еден добар правец. Антонио не се двоумеше. Многу брзо донесе одлука. Се спакува, ја остави Германија, дојде во Македонија. Пет години беше министер за надворешни работи, даде се од себе да ја промовира Македонија и интересите на македонскиот народ и на сите граѓани во Македонија. И успешно го правеше тоа“, рече Груевски и им порача на охриѓани да го поддржат на парламентарните избори.