Милошоски: Мајката на Боки 13 беше избрана за член на Агенцијата за слободен пристап до информации

Мајката на Бојан Јовановси Боки 13 беше избрана за член на Агенцијата за слободен пристап до информации, тендецијата за контрола на институцијата од страна на врхушката продолжува, рече во вторникот пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски од собраниската говорница.

Ја потсети македонската јавност дека мајката на Боки 13 беше избрана за член на Агенцијата за слободен пристап до информации, а според него власта на овој начин се обиде да воспостави контрола врз оваа државна институција.

Потенцираше дека оваа тенденција за контрола врз Агенцијата продолжува притоа напоменувајќи дека новото решение е исто така партиско и станува збор за Пламенка Бојчева за која претходно пратениците коментираа дека е член на правната комисија на СДСМ.

Агенцијата а слобден пристап до информации од јавен карактер е аганцијата која што беше намената да ја контролира СДСМ преку Боки 13. Откако не успеаа СДСМ да ја контролира Агенцијата за слободен пристап до информации преку Боки 13 сега оди на второ решение. Второто решение исто така партиско госпоѓата Пламенка Бојчева, рече Милошоски.

Потсети дека во периодот јануари/февруари 2019 година, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ изгласа Јасминка Јовановска, мајката на Боки 13 да биде избрана за член на Агенцијата за слободен пристап до информации.

Зошто? Затоа што таа беше мајка на другарот на Зоран Заев. Затоа што Јасминка Јовановска беше мајка на другарот на Александар Кирацовски, Фросина Ременски на Венко Филипче, на Радмила Шекеринска, со нив се дружеше, се сликаше, вечераше и разговараше за јавно приватно партнерство Боки 13. Откако јавноста откри дека госпоѓата, Јасминка Јовановска мајка на Боки 13 е сопруга на сопственик на медиум, бидејќи номинално сите знаевме дека провладината 1 ТВ се води на Боки 13, но формално била запишана на неговиот татко Миле Јовановски, под притисок на јавноста Собраниското мнозинство се повлече и госпоѓата Јасминка Јовановска се повлече од оваа позиција, рече пратеникот на опозизициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оцени дека станува збор за обида да се контролира Агенцијата за слободен пристап до информациите од страна на највиските врвови на власта.

Значи тенденцијата да се контролира Агенцијата за слободен пристап до информации од страна, не само на владејачката партија туку на врхушката на владеачката партија, јас не викам дека секој обичен член на СДСМ или некој градоначланик или некој функционер имал тенденција да ја контролира оваа комисија, напротив раководството Заев, Кирацовски, Шекеринска, Филипче и многу други имале тенденција и се уште имаат да ја контролираат оваа Агенција. И затоа тогаш ја предложија и ја изгласаа Јасминка Јовановска мајката на Боки 13-ка. Но откако пропадна тој проект продолжија понатаму со тенденциите за контрола на оваа комисија, заклучи Милошоски.