Mилошоски: Меѓународниот кредит на Заев е потрошен, тој е веќе џогер

Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски рече ако се направи споредба од сите премиери. Тој смета дека никој не отишол толку ниско и затоа неговиот меѓународниот углед на Заев е веќе потрошен и тој е веќе џогер.

„Ние знаеме дел, но дипломатите знаат многу повеќе. На таков ниво на политичар поткуплив може да му дадете две можности. Да го судите и да одговара за поткуп или да не го судите и да добие ослободителна пресуда но да го потпише тоа што од него се бара и тој тоа го заврши.Никој досега не дрзнал на тоа, ни Црвенковски, ни Груевски, ни Кљусев, ни Трајковски да потпише таков документ. Секогаш ова прашање било на маса но држеле некое национално ниво“, изјави Милошоски во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.