Милошоски: Министерството за образование мора да реагира, деканот на факултетот за архитектура при Американ Колеџ е член во Управниот одбор на СДСМ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски преку статус на Фејсбук пишува дека Министерството за образование мора да реагира до Универзитетот Американ Колеџ каде декан на факултетот за архитектура е член на Извршниот одбор на СДСМ.

„🚩 Министерството за образование има обврска да реагира до Универзитетот Американ Колеџ Скопје во врска со деканот на Факултетот за архитектура, кој со членувањето во Извршниот одбор на СДСМ грубо го прекршува Законот за високо образование 👇
Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ“, стои во неговиот пост на Фејсбук.