![aantonioo (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/aantonioo-1.jpg?resize=500%2C280&ssl=1)
Антонио Милошоски, носител на листата од ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна денеска ја посети општина Дебрца и местата Требеништа, Волино, Ботун и Белчишта. Тој на локалните жители има ја претстави новата програма „Проверено“.
Во Белчишта Милошоски изјави дека дел од програмата е фокусирана за подобрување на животот на младите, преку проекти за вработувања и отворање сопствени бизниси.
„За ВМРО-ДПМНЕ е многу важна политиката за младите во земјава и затоа во нашата програма има неколку проекти кои се однесуваат на младите до 29 години. Нивно привилегирање по однос на кредити, субвенции, вработување и одредени заеми за да може да почнат сопствени бизниси. Најдобриот начин за да се задржат младите во своите родни места, без разлика дали е мала или поголема општина, е отворање нови работни места“, истакна Милошоски во Белчишта.