
За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ прифатливо е во личните карти да стои и етничката припадност Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак, Хрват и друго, бидејќи тоа е лична определба, национално чувство и право на секој граѓанин, а било пракса и во минатото, истакнува Антонио Милошоски.
-Но, несфатливо е што во овој закон на Заев му пречи во личните карти во графата националност да стои припадноста „Македонка“ / „Македонец“, што изгледа како координиран став со понижувачката забрана за употреба на термините „Македонија“ и „АСНОМ“. Затоа, блокирањето на овој закон му оди во прилог на Заев.
ВМРО-ДПМНЕ по овој закон, предложен од БЕСА, има поднесено еден амандман кој предлага да се изостави употребата на новата придавка на државата, особено што дури и според договореното од Заев и Димитров тоа не претставува обврска во период од најмалку 5 години – пишува Милошоски.