Локалните избори не се определуваат по желба на кој и да е политичар, а ВМРО-ДПМНЕ очекува партиите да го почитуваат законскиот и уставен рок на 17-ти октомври да се случи првиот круг од локалните избори, истакна во средата пратеникот Антонијо Милошоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за датумот на локални избори/
„Локалните избори не се определуваат за желбата на било кој политичар, било и тој да е премиерот, локалните избори се одржуваат во точно определн термин според Уставот и законот, а Уставниот и законски термин за локални избори е 17-ти октомври првиот круг“, посочи Милошоски.
Додаде дека сѐ друго значи прекршување на Уставот и законите, внатрепартиските и меѓукоалиционите пресметки во ДУИ, СДСМ, БЕСА, и помалите коалициони партии не треба да бидат проблем за државата и за граѓаните и не треба да бидат изговор за одржување на изборниот ден на 17-ти октомври.
„Сѐ друго би било неуставно и би можело да го загрози целиот изборен процес како незаконит и незаконито да им се продолжи мандатот на градоначалниците и советите на општините. ВМРО-ДПМНЕ очекува сите политички партии да го почитуваат уставниот и законски рок, а тоа е 17-ти октомври прв круг локални избори во Македонија“, истакна Милошоски на прес конференцијата.