Милошоски: Прашајте кои се и што прават Лукароски, Џемо и Гешоска и многу работи за криминалот и мафијата ќе ви станат појасни

Ова во Прилеп е нарачана закана кон пратеник од опозицијата, заради неговите критики кон власта за предавничкиот протокол со Бугарија, вели пратеникот Антонио Милошоски за опожареното возило на колегата Петар Ристески.

„Ова во Прилеп е нарачана закана кон пратеник од опозицијата (П.Ристески), заради неговите критики кон власта за предавничкиот протокол со Бугарија. Прашајте во градот кои се и што прават Лукароски, Џемо и Гешоска и многу работи за криминалот и мафијата ќе ви станат појасни“.