Што не ги казни или приведе сега судот двајцата адвокати на Катица Јанева“, прашува Антонио Милошоски, откако денешното судење за „Рекет“ се одложи поради болест на двајцата застапници на специјалната обвинителка.
-Двајцата адвокати на Катица координано се разболеа во ист ден. Шо не ги казни судот сега или да се закани дека ке ги приведе, плус дека ќе И назначи на Сињора Катица адвокат по службена должност? Или тоа само за адвокати во “предметите” на СЈО што ги нарачува лицето З.З, пишува Милошоски.
Пратеникот алудираше на паричните казните кои им беа изречени на адвокатите на обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Еленко Миланов и Сања Алексиќ, и штипскиот адвокат Дончо Наков, кои во средината на 2018-та не се појавија на рочиштет, иако со писмени поднесоци испратени навремено го известиле Судот дека поради судењето за настаните од 27 април нема да можат да присуствуват на рочиштето за „Топлик“.
Еден месец подоцна судијката Добрила Кацарска со истата казна од по илјада евра ги казни и адвокатите на обинетите за случувањата од 27-ми април, кои бараа создавање од страна на судот адекватни услови за одржување на расправите