Милошоски: СДСМ излажа и за изградбата на нови железнички сообраќајници

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, посочи ветувањата на СДСМ и на Горан Сугаревси во врска со железничкиот сообраќај.

Меѓу ветувањата се градски и приградски железнички сообраќај кои би функционирале на четири линии низ државата, од кои една би спојувала со Скопје.

Исто така, најавен бил и проектот на железничко поврзување на аеродромот во тоа време Александар Велики со Миладиновци. Милошоски истакна дека не само што ниту еден милиметар од оваа железничка пруга не е изградена, туку и овој проект повеќе не се ни спомнува како можен потенцијален проект, односно капитална инвестиција.

„Ниту јас, ниту пак некој од нас пратениците не знам дека се возел досега на овие линии кои што се ветени во кампањата. Верувам дека ниту некој од граѓаните не го искусил тоа. Очигледно е дека сите овие проекти и ветувања биле само празни флоскули кои биле пласирани до граѓаните за добивање некој политички поен”, вели Милошоски.

Веќе три години СДСМ го залажува народот со вакви празни ветувања и лаги во кои ни самите не веруваат кога ги кажуваат. Ниту железницата е продолжена, ниту пак СДСМ планира во блиска иднина да го отпочне тој проект кој кога станува збор за СДСМ, истиот личи на нешто невозможно. На ваквите лаги им доаѓа крајот. Со победата на 12-ти април ќе дојде крајот на сите лаги, криминали и оваа криминогена гарнитура на власт, заврши Милошоски.