![Антонијо Милошоски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/Antoni-o-Miloshoski.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Од пред два дена во Србија, Грција, Словенија, Турција и други земји во регионот започна вакцинирањето против ковид-19, како здравствена мерка. Во Македонија државата нема набавено ни вакцина, ниту има стигнато милостина од државите кои навремено си обезбедиле вакцини од производителите. Со тоа од страна на државата сериозно е повредено граѓанското право на живот, со ненавремена и неефикасна здравствена заштита, реагира пратеникот о ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
„Затоа од вчера па натаму, секој граѓанин или семејство, кој/кои ќе претрпат посериозни штетни здравствени последици од ковид-19, или истото резултира со трагичен исход по животот на граѓанинот, има законско право да ја тужи државата за тоа и тој/таа или блиското семејство да бара обесштетување.
Основа за заштита на ова право на граѓанинот, како и основа за тужба пред македонските судови или пред Судот во Стразбург се членот 39 од Уставот, член 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како и обврските на државата утврдени во Законот за здравствена заштита“, напиша Милошоски на својот профил на Фејсбук.