![241715917_4706240762728686_3491631916869511531_n](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/241715917_4706240762728686_3491631916869511531_n.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил сподели инфомавија која на денешен ден се случила пред три години.
Имено како што напиша пратеникот Милошоски, власта на Заев и СДСМ пред три години ги лажела дека народот гласал за нив и дека ќе донесат бесплатни здравствени услуги низ цела Европа.
„На денешен ден пред три години, со народни буџетски пари, власта го лажеше народот дека гласа “ЗА бесплатни здравствени услуги низ цела Европа”. Денес, здравството е заглавено во неефикасност, многу грешки, жртви и истраги за морбидни трагедии, како онаа во болницата во Тетово. Големи штети има насекаде, а одговорноста ја нема никаде“, напиша на фејсбук профилот пратеникот Милошоски.