Милошоски: Случајот со Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта

Разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) не би требало да се меша во внатрепартискиот дел на СДСМ, но предизвикува голема загриженост од односот на Владата кон директорот на таа институција кој е разрешен, бидејќи си ја вршел работата како што треба, изјави во средата пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во текот на посетата на Битола одговарајќи на новинарско прашање.

„Како институција и како човек најголемата забелешка на Владата по однос на директорот Пауновски беше зошто тој пркосел на премиерот и на вицепремиерот. Гледаме дека оваа Влада за жал, кога има такви луѓе кои покажуваат интегритет ги разрешува, а кога има луѓе каде што има сериозни индикации за криминогено однесување не ги разрешува, напротив ги унапредува или штити“, посочи Милошоски.

Поради тоа, опозицискиот пратник смета дека овој случај со директорот Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта и секое покажување на самостојно мислење може да биде ризично за директорот кој што се осмелил да работи законито, а тоа не е добро за нашата држава.

Во врска со новите иницијативи на власта во сферата на образованието, Милошоски смета дека проектот на министерката за образоваени и наук Мила Царовска преставува своевидна анти-реформа и најдобар совет за министерката освен тоа да ги послуша родителите на учениците е и да ги послуша наставниците.