Власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта, рече во вторникот во изјава за медиумите пртеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонјо Милошоски.
„Денеска би сакал да го искажам ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по однос на според нас, скандалозниот предлог закон кој што дојде во Собранието, а се однесуваше на именување на членовите за одговорност за клевета и навреда.
Прпат по едноумието се воведува една формулација каде што би се санкционирало и негативно мислење.
Сега гледаме дека власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта.
Ова воопшто не зачудува бидејќи автор на овој текст е академикот Камбовски кој што во 1987 година го казнуваше професорот Маријановиќ зошто сакал да се укине вербалниот деликт.
Нашата порака до министерот Тупанчевски е да го смени последниот министер на Милошевиќ кој што на мала врата го протнува овој вербален деликт“, изјави Милошоски.