Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и Рашела Мизрахи денеска во Битола остварија средба со претставниците на Стопанската комора.
По средбата Милошоски истакна дека за жал состојбите не се охрабрувачки, а стопанството во Битола се соочува со тешки проблеми.
-Мислиме дека изминатиов период тие најавени 2 милијарди евра кои владата ги зема, се задолжи и ги потроши, за жал не покажуваат ефекти во стопанството. Што не доведува до заклучокот, дека она што го кажа вицепремиерот за економски прашања дека 350 милиони евра се само искористени во стопански цели, додека другите веројатно се искористени во непродуктивни или коруптивни цели, а не во интерес на стопанствениците или вработените. Цениме дека Битола во моментов се наоѓа на маргините на невниманието на локалната и на централната власт и доколку се продолжи со ова невнимание и запоставување на општината може да има уште поголеми и потешки последици од стопански аспект, но и поголемо иселување, а бирото за вработување да ја зголемува бројката на невработеност, нагласи Милошоски.